Ѓозлеме со мелено месо (турски палачинки)
Состојки
- 400 гр брашно
- вода по потреба
- 250 гр мелено месо
- 1 главичка кромид
- зачини сол, вегета, бибер
Подготовка
Секогаш кога ќе ги видев жените во Турција како на лице место ги подготвуваат овие нивни палачинки, се радував... Пред тебе ги сучат, ги филоваат, ги печат... милина... Филовите можат да бидат најразлични, а јас најчесто ги правам со коприви или со мелено месо.
Измесете меко тесто од брашно, вода и сол, поделете го на топчиња и оставете ги да се одморат.
За филот, испржете го исечканото кромитче, додајте го месото, зачинете и издинстајте го малку.
Секое топче тесто исучете го, филувајте го и свиткајте го лабаво во ролат. Ролатот свиткајте го како полжавче па пак расучете го. Печете ги на малку масло на тефлон тава или Делимано тава за палачинки, од двете страни, додека не се појават кафеави дамки.
Совет, немојте сите палачинки наеднаш да ги исучите па потоа да ги печите, туку кога ќе исучите една ставете ја де се печи, за тоа време сучете друга.