Бомбици со полнење
Состојки
- За полнење
- 2 тврдо варени жолчки
- 80 гр шеќер во прав
- 80 гр маргарин
- 1 лажица рум
- Горен слој
- 150 гр мелени потпечени ореви
- 150 гр шеќер во прав
- 60 гр рендано млечно чоколадо
- 1 белка
- 1 лажица рум
Подготовка
Нема да ве излажам ако ви кажам дека е ова многу стар рецепт, препишан од тетратката со рецепти на мојата мајка. Ова е еден од оние колачи кои уште на времето се правеле за визити, за празници...
Добро изгмечете ги тврдо варените шолчки и измешајте ги со другите состојки. Од смесата направете 30 топчиња и оставете ги на ладно да се сушат.
Исто и за другата смеса, измешајте ги сите состојки и направете 30 топчиња. Секое расплескајте го во дланките и ставете од жолтото топче, па пак направете форма на бомбица. Можете да ги испрпелате во мелен орев или како јас што направив во стопено млечно чоколадо со сецкани лешници.