Домашни резанци

Состојки
- Резанци со коприва
 - 3 јајца
 - 300 гр брашно
 - 2 лажици масло
 - 50 гр коприва (замрзната) , сол
 - Резанци со сув вргањ
 - 3 јајца
 - 300 гр брашно
 - 2 лажици масло
 - 50 гр сув вргањ, сол
 
Подготовка
Секогаш кога можам и имам слободно време правам домашна тестенина. Според мене, вкусот на домашната со онаа купечката е неспоредлив. Правам домашни кори за лазања, равиоли, тортелини, а овој пат правев резанци, како прилог за ручекот. Нивниот вкус може да се менува, во зависност од тоа што ќе готвите. Овојпат, тие беа со коприва и мелен сув вргањ.
 За секој вид, тестото не треба да е меко, вода или млеко не се додава, исклучиво е од брашно и јаца. Копривата добро исцедете ја од водата, ситно исечкајте ја и ставете ја во јајцата и брашното. Вргањот ситно сомелете го, јас тоа го правам со стапниот миксер во некоја подлабока пластична чаша.
 Ако имате машина за кори, поминете го тестото низ неа со дебелина според потребата, а ако не, тогаш рачно исучете го најтанко што можете. Исечете го на ленти. Оставете ги некој саат да се потсушат. Варете ги во малку посолена вода со две-три лажици масло.
 Јас ги послужив како прилог со динстано свинско месо со праз.