Ролат од мелено месо и сирење
Состојки
- смеса од мелено месо
- 600гр мелено месо
- 1главица кромид
- 2чешниња лук
- 1 јајце
- 1лажица зачин-вегета
- 1лажичка црн бибер
- 2лажици зејтин
- смеса од сирење
- 200гр сирење
- 2 јајца
- 1/2векна леб
- 10 парчиња салама од пилешки гради
- 10 парчиња сланина или свински врат
Подготовка
Кромидот се ренда на ситно ренде и заедно со лукот, јајцата и зачините се става во месото. Убаво се меси додека се добие компактна смеса и се остава во фрижидер да одстои 3-4 часа.
Од лебот се ваѓа средината и се натопува во јајцата. Се додава и ренданото сирење и смесата убаво се изедначува. На најлонска фолија прво се исплескува еден дел од меленото месо, над него се нанесува тенок слој од смесата со сирење, над смесата се ставаат по должина зароланите парчиња од пилешките гради и со помош на фолијата се витка ролат. Исто се повторува и со другата смеса.
Роладите се премачкуваат со зејтин и одозгора се покираат со парчиња врат или сланина. Се ставаат во добро подмачкано плехче или ростер и се печат околу 40 мин на 180 степени. Повремено се попрскуваат со зејтин.
Оладени се сечат на парчиња. Имаат навистина добар вкус, а и одлично изгледаат.