Париски шницли
Состојки
- 750 грама свинско или телешко месо
- 2 јајца
- 150 грама брашно ( чаша од 150 грама )
- 1 чаша млеко ( истата со која го мерите брашното )
- 1 лажичка сол или по вкус
- околу 300 мл зејтин (односно по потреба бидејки впиваат повеќе зејтин )
Подготовка
Најпрвин месото го миеме и со салвета ја впиваме водата од него. Го сечеме месото на еднакви шницли, потоа шницлите добро ги чукаме од двете страни, ги посолуваме.
Во длабок сад правиме тесто како за палачинки од јајцата, брашното и млекото. Јајцата ги посолуваме со малку сол, добро ги матиме и го додаваме млекото и брашното со постојано мешање колку што ни е потребно да добиеме густина како за палачинки.
Во тава ставаме зејтин да се загрее добро. Кога зејтинот е врел секоја шницла ја ставаме во смесата, внимавајки од двете страни добро да ни се залепи со тесто месото.
Ги ставаме шницлите во врелиот зејтин и ги пржиме додека добро не поцрвенат и од двете страни.
Шницлите ги послужуваме додека се топли бидејки кога ќе истинат немаат сочен вкус. Можете да ги гарнирате со прилог по желба или како во мојот случај и со палачинки од тестото предвидено за шницлите и со салата.
Совет.
Бидејки палачинките што ги користев како прилог со шницлите се многу вкусни можете да мерите со поголема чаша за да ви остане тесто барем за по една палачинка за секој. Овие шницли навистина се многу вкусни ви ги препорачувам слободно да ги направите. Ви посакувам пријатен ручек или вечера.