Гурабии со корнфлекс
Состојки
- Тесто
- 100гр шеќер во прав
- 200 гр густин
- 1 јајце
- 1 пециво
- 250 гр маргарин (омекнат)
- Фил
- 4 лажици црн еурокрем
- 70 мл зејтин
- За валкање
- по потреба издобен корнфлекс
Подготовка
Се меси тесто од шеќерот во прав, густинот, маргаринот, јајцето, пецивото и се додава брашно по потреба, околу 400 гр. Се прават долгнавести форми и се редат во тава. Се печат на 180 Ц околу 20 минути се дури не се стврднат и бидат светло кафени.
Се става кремот со зејтинот на пареа и се топи. Гурабиите кога ќе се испечат се топат во филот и се валкаат во издробен корнфлекс. Од оваа доза излагаат околу 60 - 70 гурабии.