Божиќни колачиња
Состојки
- 500 гр. брашно
- 200 гр. шеќер
- 250 гр. маргарин
- 2 јајца
- 1 прашок за пециво
- 1 рендана кора од лимон или портокал
Подготовка
1. Најпрво се ставаат маргаринот (претходно оставен на собна температура) шеќерот и ренданата кора. Се меша убаво со раце.
2. Потоа се додаваат јајцата и пак се меша.
3. На крајот малку по малку се додава брашното во кое го ставаме пецивото и ја месиме смесата додека не се соедини убаво.
4. Готовото тесто го ставаме да отстои во фрижидер околу 3-4 часа.
Кога тестото е готово се развлекува кора и со калапчиња се прават форми по ваш избор.
Јас половина од колачињата ги украсив со растопено чоколадо, а другата половина со гласа која ја направив со шеќер во прав, малку топла вода и сок од лимон.Во оваа смеса се додаваат прехрамбени бои и се украсуваат колачињата.
Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми.