Полнета тиква
Состојки
- 1 тиква
- 300 гр. суво грозје
- 150 гр. микс од суво овошје по ваш избор
- 200 гр. јатки ореви
- 2 киви
- 1 банана
- 1 портокал
- 1 лажица цимет
- на вкус мед и шеќер
Подготовка
Многупати ја правам вака во гувече но исечена на парчиња и целото ова измешано заедно со тиквата - варам на тивко. Овојпат - полнета.
1. Пресечете ја тиквата одозгора кај рачката и тргнете настрана, ќе служи за капак. Со лажица убаво извадете ги семките. Премачкајте ја со мед.
2. Состојките за полнење исечете ги, додајте циметот, шеќерот, измешајте и наполнета ја тиквата. Поклопете со исеченеиот горен дел кој ќе служи како капак.
3. Завиткајте ја вака спреманата тиква во фолија, ставете ја во сад кој ќе го наполните со вода така што да зафаќа 1/3 од тиквата.
4. Ставете во рерната и нека крчка. При крај отворете ја фолијата и нека се подзапече.
Срекни Божикни празници!
Забелешка
-Мора да внимавате при изборот на тиквата - премерете прво дали ќе ви се собере во рерната.
- Може да се полни и тиквата за печење, јас немав сега и наполнив од овие што гледате на сликата.
- Количината на состојките е ставена од што мора да се напише, а слободно може изборот и количината да биде од око, но не пропуштајте ја бананата и кивите.. фантастичен вкус даваат.