Топло чоколадо како од Старбакс
Состојки
- 1/4 шоља вода
- 2 лажици какао
- 2 лажици шеќер
- 1 1/2 шоља млеко
- 1/4 лажичка ванилин шеќер
- 2 лажици изматена засладена слатка павлака
- по желба чоколадни трошки, чоколадни стапчина
Подготовка
Ова е рецептот кој го донесов од мојата последна мала прошетка...
Во еден стаклен сад кој може да се користи во микробранова ставете ја водата, шеќерот, ванилин шеќерот и какаото и измешајте со лажица да се соедини. Загрејте 30 секунди на најголема јачина во микробрановата печка. Измешајте со лажица, треба да добиете мазен чоколаден сируп.
Додајте го млекото, промешајте, па загревајте во микробранова на најголема јачина 1 1/2 минута.
Разделете во две шољи, ставете одозгора по една лажица изматена засладена слатка павлака и наросете или украсете по ваша желба.
Послужете жешко...