Испечати

Коледарски колачиња

Коледарски колачиња

Состојки

  • 500гр. брашно
  • 1/2 квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 филџан масло
  • во прстофат шеќер
  • по потреба топла вода

Подготовка

Во длабок сад ставете ги сите состојки и со топла вода замесете средно меко тесто.
Оставете го да стаса, а потоа од тестото формирајте најпрвин топчиња. Секое топче со раце развлечете го во должина како грисини, свиткајте го и во долниот дел вкрстете ги краевите.
Печете ги на 200 степени додека поруменат.

Многу едноставни спремани за денешниов ден .