Дрезденски Столлен - Коледен леб
Состојки
- 600 гр. брашно
- 40 гр. квасец
- 1/4 л. млеко
- 125 гр. шекер
- 1 ванила
- 1 јајце + 2 жолчки
- 250 гр. маргарин
- малку рендана кора од лимон и портокал
- по прствет од мускатно оревче, кардамом и каранфилче
- по1 лажица течна арома на бадем и ванила
- по 70 гр. бело и црно грозје
- по 50 гр. сецкани кандирани кори од портокал и лимон и вишни или цреши
- 150 гр. сецкани бадеми
- 200-250 гр. марципан
- 3 лажици вишновка
- 125 гр. шеќер во прав
Подготовка
Приказната како настанал ово Столлен е голема, започнала кога пекарите направиле сосема обичен сладок леб, а потоа го усовршиле. Јас знам дека Столлен фактички значи - Рано испечен леб.
Тој е Коледен леб, се печел како кај нас што спремаме за Коледе коледашки, тие рано го печеле овој сладок леб.
За ваков леб има многу рецепти, но јас денес ви го представувам Дрезденскиот Столлен. Со рецептот се запознав од сајтот кој многу често го посетувам, младо момче кое работи во Австрија и си ја познава работата - немалку пати ни представи овакви фини рецепти посветувајки ги на тамошните традиции кои се разликуваат од нашите. Честопати низ рецептите јас се прошетам до земјата од каде што потекнуваат. Јас сум му благодарна на Жељко Петрович кој несебично не' упатува во тајните на кулинарството во Австрија.
1. Брашното пресејте го и направете кладенче во средината, ставете го таму изронетиот квасец, малку млако млеко и шеќер и измешајте со малку брашно. Оставете го да стои околу 15-20 мин, да стаса.
2. Откако стаса, додадете го преостанатото млеко, шеќерот, додајте ја ванилата, јајцето, жолчките и 200 гр. од маргаринот кој сте го исекле на тенки ливчиња. Додадете ги сите зачинки и ароми и месете додека да добиете глатко и меко тесто кое нема да ви се лепи за рацете. Оставете го да стасува околу 25-30 минути.
3. Додека стасува во меѓувреме потопете го сувото грозје во топла вода, за кратко време извадете го, ставете го на салвета и лесно избришете го. Ставете го во сад и додадете сосема малку брашно- измешајте и овде веќе додадете ги ситно насецканите кандирани кори од лимонот и портокалот, црешите или вишните и сецканите бадеми.
4. Марципанот насецкајте го и измешајте го со вишновка и шеќер во прав, измесете го да добиете повторно хомогена смеса и направете го во форма на ваљак.
5. Стасаното тесто премесете го, додадете ја измешаната содржина од суви овошја, измесете се додека не се спои содржината со тестото.
6. Од вака добиеното тесто расукајте кора во форма на елипса. На 2/3 од кората ставете го ваљакот од марципанот и преклопете го со слободната страна, тој дел од тестото ќе дојде повисок поради марципанот, така треба да биде.
7. Оставете го повторно да стаса околу 30 минути и ставете да се пече во предходно загреана рерна на температура од 190 степени околу 1 час.
8. Испечениот леб се вади и додека е топол се премачкува со останатите 50 гр. маргарин и обилно се посипува со шеќерот во прав.
Забелешка
-Овој сладок леб може да се спрема и порано, но да го завиткате во стреч фолијата, па во друга најлон кеса.
- Има чудна коизистенција ова тесто.
- Заради тоа што од 600 гр. брашно се добива бајаги замашно тесто, мислам повеќе тесто, јас го делам на два дела и правам два Столлена, едниот обавезно оди на дар, а вие можете слободно на половина од состојките да спремате.
Уживајте малку во традициите од соседите.