Испечати

Полнети урми

Полнети урми

Состојки

  • 40 урми
  • 50 грама потпечени лешници
  • 50 грама чоколадо
  • 50 грама шеќер во прав
  • 25 грама маргарин
  • 200 грама чоколадо за глазура

Подготовка

1. Фил- лешниците ги мелиме, чоколадото го рендаме, го додаваме шеќерот и маргариот малку омекнат, сето убаво го мешаме,
2. Урмите ги засекуваме и ги полниме со филот.
3. Чоколадото го топиме на пареа и секоја урма ја забодуваме со чепкалка за заби и ја потопуваме во чоколадото. Чеплаклата ја забодуваме на кутија или морска пена и оставаме да се здрви чоколадото.