Желатин пифтија
Состојки
- 500 гр. чисто свинско месо
- 2 пакетчина желатин листови
- неколку парчина лук
- околу 2л вода
- некое ливче ловоров лист
Подготовка
Ова е рецепт за сите оние кои се како мене, кои сакаат да пробаат пифтија, но не можат поради свинските делови кои се стваат во пифтијата. Значи сите оние кои ја сакаат чиста, без мрсни наслаги, сите оние кои сакаат да го избегнат долгочасовното варење, ова е супер рецепт. Брз, едноставен и баш вкусен.
Свинското месо го сечкаме на поситни парчиња и го ставаме со околу две литри вода да се вари. Додаваме две три листови, ловоров лист. На страна го сечкаме лукот на ситно, јас ставвив неколку парчиња, нели секој по желба си става. Лукот го ставме при крајот на варењето. Посолуваме и ги ставаме листовите желатин. Употребив две паковки, наменети за две литри вода. Вариме уште пет минути додека се стопи желатинот. Промешуваме убаво и тураме во чинии. Излегува околу шест чинии. Кога ќе оладат, се ставаат во фрижидер. Добар апетит !!