Испечати

Брза пита со сирење

Брза пита со сирење

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша зејтин
  • 1 чаша дробено сирење
  • 1 чаша кисела павлака
  • 4 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 2 лажици сусам

Подготовка

Јајцата се матат со зејтинот и павлаката, па им се додаваат останатите состојки и една лажица од сусамот. Се истура во плех 32 и се поросува со останатиот сусам па се пече.
Оваа пита е одлична за појадок или вечера посебно овие денови кога сме презафатени со подготовка на празнична трпеза.
Кон питата може да се додаде и сувомеснат производ по желба, а и вака е навистина вкусна.