Прелиена погача
Состојки
- За тесто
- 500 гр брашно
- 200 мл. млеко
- 150 мл. вода
- 20 гр. квасец
- по 1 лажичка сол и шеќер
- За преливање
- 250 мл. кисела павлака
- 100 мл. кисело млеко
- 3 јајца
- по вкус сол
- За посипување
- по ваш избор сусам или микс од семиња
Подготовка
Мека, вкусна - создадена за доручек послужена со јогурт... милина,
1. Во млакото млеко и вода се раствара квасецот, се замесува тесто од брашното во кое е измешано солта и шеќерот. Се остава да стаса.
2. Стасаното тесто се размесува, се сука во правоаголна форма, се премачкува со омекнатиот на собна температура маргарин, се мота во ролат. Повторно се расукува во правоаголна кора во дебелина на малиот прст. Се сечат ленти кои се редат во обилно со маргарин подмачкано плекче и посипано со брашно. При редењето на лентите се внимава да се остави размак помегу нив.
3. Се уработуват јајцата, павлаката и млекото. Се додава сол и со вака добиената смеса се прелива погачата. Во растојанието меѓу лентите треба да навлезе од преливот. Се посипува со од вас избереното семе. Оставете малку да стаса и се пече во предходно загреана рерна од 200 степени се додека не добие златно - црвеникава боја.
Забелешка
-Во преливот можете да додадете малку сол и рендано сирење или урда, а сосема е добра и вака како што е напишано. Најразлично ја спремам - зависно што има во фрижидерот.
- Доколку немате во моментот некоја врста од семе, слободно пропуштете го овој дел, вкусна и без тоа.
Да ви е слатко!