Слатки со мелени бисквити и лешници
Состојки
- 100 мл млеко
- 125 гр маргарин
- 150 гр шеќер
- 150 гр мелени бисквити
- 150 гр мелени лешници
- 200 гр бело чоколадо
Подготовка
1. Млекото, маргаринот и шеќерот ги ставаме во сад на оган. Мешаме додека да зоврие.
2. Откако ќе зоврие го тргаме на страна. Во него ги додаваме мелените бисквити и мелените лешници. Мешаме додека смесата не се соедини.
3. Од смесата расукуваме кора во вид на правоаголник со дебелина од 1 цм.
4. Врз кората тураме стопено бело чоколадо.
5. Откако ќе се здрви сечиме коцкички. Украсуваме по желба.