Испечати

Мои пралини со еурокрем и наполитанки

Мои пралини со еурокрем и наполитанки

Состојки

  • За премачкување на калапите
  • 200 гр. чоколада за готвење
  • 3 лажици зејтин
  • За фил
  • 100 мл. млеко
  • 100 гр. чоколада
  • 50 гр. маргарин
  • 100 гр. еурокрем
  • 200 гр. наполитанки

Подготовка

1. Чоколадата се топи со зејтинот и со неа се премачкуваат калапите, убаво со четка по ѕидовите, па се стават во фрижидер да стегнат. Оваа постапка се повторува 3 пати.
2. Потоа се подготвува филот. Млекото се става на оган, се додава чоколадата, маргаринот, еурокремот и откако се ќе се растопи се трга од оган и се додаваат предходно ситно надробени со рака наполитанки.
3. Со оваа смеса се полнат калапите и се затвараат со предходно растопеното чоколадо. Се оставаат 10 минути во фрижидер да стегнат и се вадат од силиконскиот калап.
Од оваа доза мене ми излегоа 24 пралини, направив 12 со црно чоколадо и 12 со бело чоколадо. Од филот малку ми остана, но си направив бомбици.