Испечати

Филувани палачинки со црн џигер

Филувани палачинки со црн џигер

Состојки

  • 200 гр свински црн џигер
  • 3 парчиња праз
  • 2 јајца
  • 200 гр лебни трошки
  • 200 гр зејтин
  • 1 лажица мешан зачин
  • Смеса за палачинки
  • 300гр брашно
  • 500мл млеко
  • 2 јајца
  • 50мл зејтин
  • 1 лажиче сол

Подготовка

На почетокот на овој рецепт морам да напоменам дека е потребно да се подготват палачинки. Јас ја употребив смесата подоле запишана.
Го замешав сето ова и ја оставив смесата да постои десетина минути. Потоа ги печев палачинките во добро заграно тавче, кое претходно го намрсив. Од смесата ми излегоа околу дваесет палачинки.

Продолжуваме со останатите постапки.
Во длабок сад го ставаме ситно сецканиот црн џигер и исто така ситно сецканиот праз. Го зачинуваме со мешан зачин, го промешуваме и го оставаме да се впие зачинот. По десетина минути ја земаме смесава и ја пропржуваме во загреано масло.
Откако филот е подготвен се земаат палачинките и се филуваат една по една. На секоја палачинка се става од филот и се витка во ролничка.

Откако ја завршивме и оваа постапка, во длабок сад кршиме 2 јајца и зачинуваме со мешан зачин. Лебните трошки се подготвени во друг сад. Ја земаме секоја филована ролничка ја потопуваме во матените јајца, па во трошките. Така похованите ролнички ги пржиме во врел зејтин додека да заруменат. Подготвени за дегустација мамат со миризбата.
На здравје.