Испечати

Праз салата со маслинки

Праз салата со маслинки

Состојки

  • 2 до 3 страка праз
  • 150 гр маслинки ( потврди и меснасти)
  • 1 лимон
  • 5 ,6 суви пиперки
  • 100 мл масло
  • 1 лажичка сол

Подготовка

Празот ситно го сецкаме, го ставаме во дрвен аван и заедно со солта го толчиме, па ги додаваме маслинките исецкани на кришчиња и нив малку ги толчиме колку да напукнат и течноста да се измеша со празот. Но внимаваме да не ги згмечиме и да ја изгмечат формата. Го додаваме сокот од лимонот и оставаме да отстои петнаесет минути. Ги додаваме претходно запечени сувите пиперки и исецкани промешуваме и салатата ја попаруваме со врело масло мешаме и салатата е готова.