Испечати

Пифтија

Пифтија

Состојки

  • 1 кг свински нозе
  • 1 кг телешки мускул
  • 1 мала главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 ловоров лист
  • 3 зрна најгвирц
  • 5-6 зрна црн бибер
  • 1 корен целер
  • 1 корен пашканат
  • 2 -3 кругови лимон
  • по вкус сол

Подготовка

Секоја куќа има свој рецепт за пифтија. Јас повеке од 20 години вака ја правам и рецептот не го менувам.
Месото и свинските нозе измијте ги и ставете ги во тенџере од 5 - 6 литри. Сипете ладна вода да се покрие и ставете го да зоврие. Додека да зоврие цело време вадете ја пената која се создава, така пифтијата ќе ви остане бистра. Кога веќе не фрла пена, додајте ги сите останати состојки и на средно тивок оган покриено варете 4 - 5 часа. Готово е кога содржината во тенџерето се намалила за 1/3, до 1/2, а течноста е леплива. Ако не сте сигурни, 2 - 3 лажици ставете во мал сад и оставете во фрижидер. За кратко треба да желира.

Кога е сварено со решетка лашица извадете го месото на страна. Извадете го и зеленчукот и фрлете го. Низ ситно сито процедете ја супата во поширок не многу длабок сад. Нека се сталожи. па со лажица соберете ја цела маснотија од површината. Така нема да ви има бели флеки пифтијата одозгора.
Уште еднаш процедете ја течноста низ истото сито, ама овој пат на ситото ставете и филтер хартија или една погруба хартиена салфетка. Вака пифтијата ќе ви биди кристално бистра. Досолете ако има потреба и додајте протиснат лук ако сакате.
Извадете го месото од свинските нозе, додуша минимално го има, мускулот детално исчистете го од сите мембрани, жилички и `рскавци, па исечете го на парчиња.
Распоредете го месото во еден или повеќе садови, според вашите потреби и прелејте го со течноста.
Оставете да се стврдне во фрижидер.
Послужете како предјадење за вашите гости или вашето семејство