Испечати

Бомбици од морков со ѓумбир

Бомбици од морков со ѓумбир

Состојки

  • 2 кг морков
  • 2 чаши (250 мл) шеќер
  • половина сок од еден лимон
  • 1лажичка цимет (не многу полна)
  • 1 лажичка ѓумбир (не многу полна)
  • 100 гр мелени ореви (може и бадеми)
  • 50 гр кокос за валкање

Подготовка

Морковот се мие се чисти и се ренда. Се става во тенџере на оган и се динста на не многу јака температура еден час. Потоа се додава сокот од половина лимон, шеќерот и се динста уште околу еден час.
Се трга на страна и се додават мелените ореви, циметот и ѓумбирот. Се меша се заедно и потоа се формират бомбици кои се валкаат во кокос.