Видео рецепт: Божиќна шунка
Божиќната шунка е одличен додаток на трпезата за време на празниците. Едноставно земете парче чадена свинска коленица сосе коската, варете ја неколку часа, а потоа испечете ја со леплива слатка глазура. Ви го привлековме ли вниманието?
Состојки
- 1 цела чадена свинска коленица со коска
- Една рака цели каранфилчиња
- 1 главица кромид
- Една рака бибер во зрна
- 1 литар Кока Кола
- 1 литар вода
- Сок од половина портокал
- 2 лажици сенф
- 3 лажици мед
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Средно
Лица: 4
Време на подготовка: над 3 часа
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Вок тава и Сет тави за пица.
Подготовка
Чекор 1: Земете ја коленицата и засечете ја кожата со остар нож. Во тавата сипете 1 литар Кока Кола и 1 литар вода да се загреваат. Ставете и една главица кромид пресечена на половина и една рака бибер во зрна. А потоа ставете ја и коленицата и варете ја 2 часа. Повремено вртете ја за месото рамномерно да се свари.
Чекор 2: Извадете ја коленицата од тавата и спремни сме да ја направиме глазурата. Измешајте мед, сенф и сок од половина портокал и ќе добиете густа слатка глазура.
Земете ги целите каранфилчиња и набоцкајте ги во коленицата. Потоа прелијте ја со глазурата и потрудете се да има глазура на целата коленица.
Чекор 3: Печете во рерна на температура од 180 степени 20 минути.
Чекор 4: Извадете ја од рерна и оставете ја да се излади, а потоа исечете дебели парчиња месо од коската. Ќе бидете во искушение да го изедете целото месо уште пред да дојдат гостите.
СОВЕТ: Со овој рецепт можете да експериментирате на безброј начини. Сварете ја коленицата во некоја друга течност, или експериментирајте со глазурата. Тука одлично оди и сладок џем, на пример од кајсија. Или пак едноставно премачкајте ја со сенф од цели зрна. Оваа коленица ќе Ве натера да ѝ се навраќате секој ден за време на Божиќните и Новогодишните празници.