Лиснати корпи со фил
Состојки
- 500 гр лиснато тесто
- 4 јајца
- 200 гр изварка
- 50 гр сечкана чадена печеница
- 100 гр рендан кашкавал
- 3 лажици сечкан праз
- 1 лажиче вегета
- малку бибер
- 3 лажици гриз
- пармезан и ливчиња од бадеми за одозгора
Подготовка
Лиснатото тесто расучете го (ако претходно не е расучено) и исечете го на коцки или кругови, во зависност од калапот во кој ќе печете. Калапите премачкајте ги со маргарин и во нив ставете го тестото.
За филот, изматете ги јајцата со виљушка, ставете ја изврката, печеницата, гризот, кашкавалот и празот. Зачинете.
Во секое калапче ставете од филот и одозгора ставете од ренданиот пармезан и ливчињата од бадеми.
Најпрво печете на 200 степени, па кога ќе зарумени, намалете ја температурата на 180 и покријте ја тавата со фолија. Нека се печат уште десетина минути.