Салата со бајат леб
Состојки
- 600 мл кисело млеко
- 2-3 лажици кисела павлака
- 2 лажици зејтин
- средината од 1 векна леб
- на вкус сол и малку лукче
- на вкус толчени ореви
Подготовка
И оваа салатка од типот како да се искористи бајат леб, а да не е топеница или пржени рибанки.
1. Во сип сад ставете газа, ставете го во неа млекото и за кратко време нека се процеди.
2. Изронете ја средината од скоро целата векна леб, останува малку за да не биди толку густа.
3. Извадете го млекото во друг сад, додадете ја киселата павлака и зејтинот, на вкус сол, на вкус лукче стиснато преку пресата или во гранули, зејтинот, измешајте. Додадете ја изронетата средина и малку толчени ореви. Измешајте го целото тоа,салатата е готова.
Забелешка
-Можете да ставите и мелени ореви, но мене ми е повкусно кога ги чувствувам при јадењето толчените или сецканите јатки,
- Сами оценете ја густината на салатата.
- Може да се додаде и ситно сецкана и истискана свежа краставица.
- Ќе речете, па ова е дробено млеко, па нема многу ниту да погрешите, ама вака сервирана како салата е сосема одлична, а во исто време и доста освежителна особено после Новогодишната трпеза. Не е на одмет да искористите на овој начин лебот кој ви заостанал.