Желади
Состојки
- 250 гр свинска маст
- 1 јајце
- 200 гр шеќер
- 1 прашок за печење
- 100 гр мелени бадеми
- 400-450 гр брашно
- * Чоколадна смеса (за намакување)
- 50 гр црно чоколадо
- 50 гр маргарин
- 4 лаж. шеќер
- 2 лаж. какао
- 2 лаж. масло
- 5 лаж. млеко
- * Уште
- 3-4 лажици од вашиот омилен мармалад за лепење
- околу 50 гр кокос
Подготовка
Од наведените состојки за тесто измесете глатко тесто.
Обложете еден плех со пек хартија.
Земете 2 мали лажички со кои ќе ги оформувате желадите, двете свртени со вдлабнатата страна една кон друга, а тестото помеѓу.
Ставајте ги во плехот и печете на 130 степени 15-20 мин. во зависност од рерната. Внимавајте да ви останат бели.
Печените колачи извадете ги од плехот и оставете ги потполно да оладат.
Земајте по 2 и лепете ги со мармалад.
Стопете ги на тивок оган чоколадото искршено на коцки, маргаринот, шеќерот, какаото, маслото и млекото.
Секој желад макајте го со пошироката страна 1/3 во стопениот фил, а потоа веднаш извалкајте го во кокос.
Од оваа смеса излегуваат многу колачи, кои ако се чуваат во добро затворена кутија можат да одстојат и подолго време, одприлика 2 недели, па и повеќе.
Оригиналниот рецепт е без бадеми, па така ако немате бадем, заменете ја грамажата со брашно.