Испечати

Салата шишарка

Салата шишарка

Состојки

  • 200 гр бело сирење
  • 4 зденки
  • 100 гр сирење рокфор
  • 100 гр крем сирење
  • 100 гр потпечен сусам
  • 200 гр бадеми

Подготовка

Оваа салата е многу декоративна, прав украс на масата. Комбинацијата на сирења можете да ја промените, ставете од сите видови кои вие ги сакате, а формата задржете ја.
Измешајте ги сите сирења и направете форма на шишарка. Одозгора украсете ја со печени бадеми кои ќе почнете да ги редите одоздола па нагоре. Уживајте, среќни празници!