Испечати

Рендана салата

Рендана салата

Состојки

  • 4 сварени компири
  • 4 сварени јајца
  • 8 кисели краставички
  • 200 гр сирење
  • 400 гр шунка
  • мајонез 1/2 тегла

Подготовка

Оваа салата брзо и лесно се прави. Во калап, или во некој длабок тањир ставете рендан 1 компир, па по ред од сите состојки, прекријте ги со мајонез и продолжете додека имате зајре. Одозгора прекријте ја салатата со мајонез. Овојпат јас ја направив во вид на елка, по повод новогодишните празници. Среќни празници!