Испечати

Назлифатми

Назлифатми

Состојки

  • 10 жолчки
  • 500гр путер
  • 2 лажици павлака
  • 650гр брашно + прстофат сол (по потреба нишесте за расукување)
  • За шербет
  • 1200гр шеќер
  • 2 ванили+ сок од половина лимон
  • 800 мл вода

Подготовка

Во поголем сад се става путерот и убаво се мати со жолчките додека се добие кремаста структура.
Кон смесата се додава брашното и солта и павлаката.
Убаво се меси целата смеса и одкако ќе биде готова од смесата се ваѓаат 42 топчиња во големина на орев.
Секое топче се расукува во коричка. Расукувањето е со нишесте не со брашно. Коричката се превиткува од двете страни кон средината по должина, а потоа два пати по ширина и на крај се добива коцкасти облик на кој сите 4 краеви се собираат кон средината за да се добие форма на плик.
Исто така назлифатмите се добри и кога се виткаат како триаголници.
Се редат во плех и се печат.

Шербет
Се вари шербет од шеќерот и водата. Одкако ќе зоврие да врие 5 минути, а потоа му се додава сокот од лимон и се остава да се подолади.
Назлифатмите одкако ќе се испечат се ваѓаат од рерна да се подоладат-да бидат млаки и се попаруваат со млакиот шербет. Најдобро е кога темпратурата на колачите е иста со онаа на шербетот.

Овие колачи е најдобро кога се прават кога е поладно или во поладна просторија. Ако имате дома мермерна плоча тогаш е најубаво и најлесно тестото за работа, а ако ги правите во топла просторија ќе мора топчињата да ги ставате во фрижидер, па да ги работите, инаку тестото се пушта.
Навидум изгледа едноставно, но верувајте треба малку повеќе труд за да се направат назлифатмите.
Рецептот го ставам на ваше барање, а сликите од подготовката и виткањето наскоро ќе ги ставам во коментарите.

Погледнете го Видео рецептот на овој линк: http://moirecepti.mk/post/nazlifatmi/