Испечати

Десерт со тапиока

Десерт со тапиока

Состојки

  • 1чаша (100 мл) тапиока
  • 800 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 50 гр мелени лешници
  • 50 гр чоколадо
  • 3 пакетчиња ванилин шеќер

Подготовка

Најпрво тапиоката ставете ја во вода, да постои неколку часа, да набубри. Потоа исцедете ја и ставете ја заедно со шеќерот во млекото кое врие. Мешајте цело време додека не се свари, не се згусти.
Половината ставете ја во чаши, одозгора ставете ги мелените лешници, а во преостаната тапиока растопете го чоколадото и ставете ја над лешниците. Декорирајте по желба.