Испечати

Брускети (посни и мрсни)

Брускети (посни и мрсни)

Состојки

  • 1 француски леб
  • Фил за посни брускети
  • 1 жива црвена пиперка
  • 1 жива зелена пиперка
  • 100 г печурки
  • 50 г маслинки
  • 100 г посен кашкавал
  • Фил за мрсни брускети
  • 100 г кулен
  • 100 г печурки
  • 100 г кашкавал
  • 3 лажици кечап

Подготовка

Овие брускети можете да ги подготвите во две варијанти: посни и мрсни.
Најпрвин спремете го филот:
Фил за посни брускети: зелената пиперка, црвената пиперка, печурките и маслинките ги сецкаме и ги мешаме заедно.
Фил за мрсни брускети: куленот, печурките и кашкавалот ги сецкаме. Ги мешаме заедно. Во оваа смеса го додаваме кечапот и ориганото.
1. Лебот го сечиме на крукчина. Од двете страни го премачкуваме со четче натопено во маслиново масло. Лебчината ги редиме во плех кој е обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 180 степени 5 минути ( додека да поруменат ). Оваа постапка е иста и за посните и за мрсните брускети.
2. Посни брускети: врз лебчината ставаме од смесата. Печиме уште 2 минути. Ги вадиме и врз нив ставаме рендан посен кашкавал. Повторно ги ставаме во рерна колку да се стопи кашкавалот.
3. Мрсни брускети: врз лебчината ставаме од смесата. Печиме уште 3-4 минути.