Испечати

Чипкасти карамел колачиња

Чипкасти карамел колачиња

Состојки

  • 1/2 чаша шеќер
  • 2 лажици маргарин
  • 2 лажици слатка павлака
  • 1/4 чаша мед
  • 1/3 чаша брашно
  • 1/2 чаша сечкани лешници
  • 1 лажица екстрат од ванила

Подготовка

Кој сака крцкави колачиња, полни со вкус на карамел и печен лешник, ќе ги проба овие, погодни и за празнични дарувања, колачиња.
Во сада на оган, на не многу јака температура, ставете го шеќерот, маргаринот, павлаката и медот и печекајте додека сето се стопи и поврзе. Кога ќе почне да врие, оставете го само една минута и тргнете го садото од оганот.
Кога ќе се олади, ставете ја и ванилата и брашното. Убаво измешајте. Лешниците исчистени од лушпата потпечете ги, исечкајте ги на крупно и ставете ги во смесата.
Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот прекријте го со хартија и на неа со мало лажиче ставајте од смесата, но не по многу колачиња, затоа што тие се разлеваат во печењето. Јас ставав по 6, со големина на орев.
Бидете тука додека се печат, зашто брзо горат (во тоа сама се уверив) Тие ќе се разлеат и ќе добијат лик на чипка. Кога ќе заруменат, извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Потоа можете да ги прелите и со чоколадо.
Првиот ден се многу крцкави, како карамела, а вториот ден се малку помеки.