Динстано пиле со пиво и лук
Состојки
- 1 кг пиле
- 1 лажичка сол
- 1 коцка пилешка супа
- 1 главица лук
- 500 мл вода
- 200 мл пиво
- 7 - 9 лажици зејтин
- 1- 2 моркови
Подготовка
Го сечеме пилето и го ставаме во сад за динстање. Лукот го сецкаме. Од коцката и водата правиме супа. Месото насекаде го посолуваме. Го додаваме зејтинот и ставаме на тивок оган да се динста месото. Садот го покриваме со капак. Додаваме по малку од супата и промешуваме одвреме навреме. Ги додаваме морковите, ловорот и сецканиот лук и зачините. После дваесетина минути додаваме на неколку наврати од пивото. Пилешкото го динстаме околу еден час или зависно од пилето. Можете да пробате за да не ви се распадне многу месото. Како прилог на пилешкото можете да гарнирате со ориз или по желба. Ви посакувам добар апетит.