Испечати

Мини пици како закуска

Мини пици како закуска

Состојки

  • За тестото
  • 1кг. брашно
  • 4 јајца
  • 250гр млеко
  • 250гр вода
  • 1коцка квасец
  • пола пециво
  • 1мала лаж. оцет
  • 1голема лаж. сол
  • 1 мала лаж. шеќер
  • За декорација
  • по желба/потреба што вам ви се допаѓа

Подготовка

1. Квасецот се става да нарасне со една мала лажица шеќер, малку брашно и малку вода.
2. Во вангла се става млекото, водата, солта, јајцата, печивото, оцетот и убаво се промесува.
3. На крај се става квасецот и се додава брашното.
4.Се замесува меко тесто,помеко од тесто за кифли. Се меси повеќе време за убаво да се измеси, па се остава да нарасне.
5. Откако ќе стаса, повторно се меси и се остава да нарасне.
6. Од нараснатото брашно се зема парче и со сукалко го расукуваме на раборната маса.
7. Со калпчиња вадиме форми од расуканата кора, кои потоа ги пржиме во врело масло.
8. Испржените пици се стават на хартија да се впие мрснотијата.
9.За декорацијата ставете го сето тоа што ви се допага убаво исечено и за крај боцнете по една чепкалка на средина,