Божиќни елки
Состојки
- Тесто
- 1 1/2 чаша за млеко интегрално пченично брашно
- 1 чаша за млеко бело брашно
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче цимет
- 1 лажиче сол
- 250 гр. путер
- 3/4 чаша за млеко прав шеќер
- 1 јајце
- Глазура
- 2 лажици сок од лимон
- 1 чаша прав шеќер
Подготовка
Во еден сад измешајте ги брашната, содата, циметот и солта.
Во друг сад измешајте го путерот, кој предходно треба да се стопи и шеќерот, додека не се добие кремава хомогена смеса.
Сматете го јајцето и додадете го на путерот.
Потоа двете смеси се соединуваат и се замесува тесто.
Откако убвао ќе се измеси се става во најлонска фолија и се остава најмалку еден час во фрижидер.
Потоа се расукува кора со дебелина од 3мм, се сечат триаголници-елки.
Се редат во тепсија и се печат во загреана рерна, 12 минути, на 200°.
Во меѓувреме се припрема глазурата ( се мешаат шеќерот со сокот од лимон, додека не се соеднинат) и се нанесува на оладени колачиња.
Колачињава ги правевме со ќерка ми, додадовме и рендано чоколадо по нејзина желба, ви препорачувам да ги припремите и вие за празнициве што доаѓаат, одлично време поминато со најмалите........ ( чистењето потоа...не се споменува)