Ароматични колачи
Состојки
- * За темниот дел
- 150 гр брашно
- 1/4 пак. прашок за печење
- 75 гр шеќер во прав
- 75 гр маргарин
- 2 лажици какао
- * За светлиот дел
- 150 гр брашно
- 1/4 пак прашок за печење
- 75 гр шеќер во прав
- 75 гр маргарин
- 2 лажици ренадана кора од портокал
- 1 лажица ликер од портокал (екстракт од портокал)
Подготовка
Од наведените состојки измесете две теста, едно светло и едно темно и оставете ги во фрижидер 1 час.
Обликовајте го жолтото тесто во вид на салама, а црното расучесто го во правоаголна форма со дебелина од половина сантиметар. Ставете го жолтото тесто на почетокот и заролајте ролат.
На работната маса истурете малку кокос и врз него поминете ја ролната од тесто за убаво да се налепи. Завиткајте ја во фолија и повторно оставете во фрижидер да одстои барем половина час. Бидејќи одстојувањето овој пат е со цел за добро да се здрви ролатот за сечење, за побрзо, јас ја оставив во замрзнувачот додека малку не се подздрви.
Сечете парчиња со дебелина од околу 1/2 см (дури можи и малку подебели по желба), редете ги врз пек хартија и печете ги на 160 степени околу 10-15 мин. Кога благо ќе заруменат, иако се меки се уште-готови се. Со ладење убаво ќе се си здрват.
Забелешка
Бидејќи со печењето кокосот малку ми отемна, а сакав да им го појачам изгледот, рабовите на колачите ги премачкав со стопено бело чоколадо и ги намакав во кокос.
Наместо ликер од портокал ставив (експеримантално) 2 лажици сируп од Слаткото од мандарини на ЛилиН и плус малку екстракт од портокал. И после неколку дена мирисот на портокал измешан со доза на какао убаво се сеќаваше само со отворање на кутијата во која стоеја.
Овие колачи доколку добро ги затворите во кутија можат да одстојат подолго време и колку стојат, толку се поубави за јадење.