Стек во сос од павлaка
Подготовка
Подготовка
1. Пилешкиот стек исечете го на коцки, ставете во тавче да се пржи за кратко време, додадете ја павлаката, зачинете со малку сол, вегета и кари зачинот и оставете нека крчка.
2. Додека крчка сосот и стекот, вие препечете веке премачкани со зејтин и зачинети кришки лепче веднаш под греачите на рерната.
Тоа е тоа!
Послужете го со крцкавото лепче со кое ќе топите во сосот ...
Совет
Зачините можете да си ги прилагодите според вкусот и да зачинете со зачин кој вие го сакате. Многупати ставам и оригано, додадам и малку патлиџан, а кога имам шери домати, обавезно се во сосот.
Доколку го спремате во Делимано тавчето, зејтин се става сосема малку.