Испечати

Солено тесто за декоративни фигури

Солено тесто за декоративни фигури

Состојки

  • 1 филџан брашно
  • 1 филџан мелена ситна сол
  • 1 лажица масло
  • вода по потреба

Подготовка

Препорачливо е солта да биде мелена за да се добие помазна смеса. Од сите состојки се замесува средно тесто, а наредниот процес на обработка е препуштен на вашите раце и фантазија.
Фигурите се оставаат на радијатор на неколку дена, постепено да се исушат или се печат во рерна на 50 степени.
Напомена, не треба да бидат многу дебели зошто ќе останат недосушени во средината. Се бојат со темпера боја.
За ѕвездите, прво премачкајте ги со течно лепило, поросете ги со светки во боја и оставете да се исушат. За крај испрскајте ги со лак за коса.
Доколку планирате да ги употребите како декорации за обесување, пред самата постапка на сушење, со помош на сламка направете отвор.