Испечати

Сок од лимон-домашна лимонада

Сок од лимон-домашна лимонада

Состојки

  • 1кг лимон
  • 2кг шеќер
  • 2 литра вода
  • 3 кесички лимонтус

Подготовка

Овој сок-лимонада редовно е застапен кај нас во зима а погоден е и за летните горештини само сега го правам почесто поради заштита од грип и вируси.
Лимонот убаво се мие со четка под млаз вода. Се меле низ машина за мелење месо и се става во поголем сад да одстои 24 часа. Утредента се цеди убаво низ газа и му се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша додека се стопи шеќерот, а потоа се собира во шишиња.
Сокот може да се прави и со лупени лимони доколку не сакате да има погорчлив вкус и ако се плашите од хемијата што ја содржи лушпата.