Испечати

Интегрално ризото

Интегрално ризото

Состојки

  • 120гр интегрален ориз
  • 1 модар патлиџан
  • 150гр габи од конзерва
  • 250 гр лупени домати
  • 1 морков ситно исецкан
  • 1главица кромид ситно исецкан
  • 2-3 лаж. маслиново масло
  • 10листа босилок
  • 1кг вода

Подготовка

Овој рецепт е многу здрав и диетален.
Ризотите скоро секогашс содржат путер и пармазан кој се многу калорични, сшто не е случај во следниот рецепт.

Започнуваме со подготовка.
Во тава на оган ги ставаме маслиновото масло, кромидот и морковот. Пржиме на тивок оган додека не омекнат. Во меѓувреме ја ставаме водата во тенџере на оган. Модриот патлиџан го сечеме на коцкички и го додаваме во тавата, ги додаваме габите и доматите. Пржиме додека не зарумени. Потоа го додаваме оризот и пржиме уште 2 минути. Посолуваме и ја налеваме топлата вода во тавата. Поклопете ја тавата со капак и варете околу 20 минути со повремено бркање. Интегралниот ориз бара повеќе вода, па пробајте ако не е сварен долејте уште малку. Откако ќе биде готов додајте ги босилокот, магданосот и побиберете. Добар апетит