Испечати

Видео рецепт: Греан Сок (Mold Cider)

Видео рецепт: Греан Сок (Mold Cider)

Секогаш можеме да бидеме покреативни со пијалоците кои ги подготвуваме, без оглед на периодот од годината, но Божиќ е убав повод да се опуштиме и да ѝм посветиме повеќе време и енергија на напитоците. Мешањето на зачини и овошје со сок и вино значајно го јакне Божиќниот дух.
Готвиме заедно со Кејт од американската слаткарница К8 во Старата чаршија.

Состојки

  • 1 литар сок од јаболко
  • Половина литар сок од портокал
  • Половина стапче цимет
  • 1 портокал
  • Една рака каранфилчиња
  • Половина лимон

Вид на оброк: Пијалок
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка:  до 30мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава со рачки.

Подготовка

Чекор 1: Сипете еден литар сок од јаболко и половина литар сок од портокал во голема Делимано тава со рачки и загрејте ги на слаб оган.

Ставете половина стапче цимет, 1 портокал наполнет со каранфилчиња и половина лимон.

Убаво загрејте ја течноста без да проврие и спремни сме за сервирање.

Сервирајте го пијалокот во висока чаша со декорација. Овде ставаме семки од калинка кои даваат убава боја и се преполни со сок кога ќе ги гризнете.

СОВЕТ: Со истава комбинација на зачини можете да направите и варено вино. Нема да не згрее само вкусот, туку и глетката на чаши од кои испарува прекрасниот пијалок и гостите како се послужуваат од средината на масата и просто уживаат.