Испечати

Торта со бисквити и рум

Торта со бисквити и рум

Состојки

  • За кора
  • 5 јајца
  • 5 лаж. сеќер
  • 5лаж. брасно
  • 5лаж. вода
  • За фил
  • 250гр. путер
  • 250гр. сеќер во прав
  • 250гр. мелени ореви
  • 250гр. мелени бисквити
  • 500мл. темен газиран сок
  • 30мл. рум
  • За декорација
  • 200гр. бисквити(по можност плазма)цели
  • 50гр мелени бисквити
  • 50гр. рендано чоколадо

Подготовка

Започнуваме со подготовка на кората.
Јајцата ги кршиме и ги делиме жолчките од белките. Белките ги ставаме во подлабок сад, а жолчките во сад за матење. Со миксер ги матиме жолчките и додаваме половина од шеќерот и матиме додека не се растопи.
Исто со миксер ги матиме и белките со преостанатиот шеќер додека не ја добијат потребната цврстина. Изматените жолчки ги додаваме во садот со изматените белки.
Во садот го додаваме брашното и водата и мешаме со лажица додека не добие хомогена смеса.
Тракалезниот калап за печење го намрсуваме со путер, ја налеваме смесата и печеме 15 минути 180°.

Во меѓувреме го подготвуваме филот.
Во сад за матење го ставаме омекнатиот путер, го додаваме шеќерот во прав и матиме додека путерот не стане пенест. Во истиот сад ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви, газираниот сок и румот и мешаме со лажица додека филот не се соедини.
Испечената кора ја вадиме од калапот и врз неа го нанесуваме филот. Бисквитите ги сечеме на половинки и ги редиме околу тортата. Накрај попрскуваме со мелените бисквити и ренданото чоколадо.