Поснен колач со мандарини

Состојки
- за тестото
 - 150мл вода
 - 150мл зејтин
 - 150гр. шеќер
 - 2 лажици мармалад(по вкус)
 - 150гр. сецкани ореви
 - 18 лажици брашно
 - 1 лажичка сода бикарбона
 - 2 исецкани мандарини
 - за декорација
 - 1 мандарина
 - 100гр. чоколадо или шеќер во прав
 
Подготовка
Сите состојки ги ставаме во подлабок сад и матиме со лажица додека смесата не се соедини. Смесата ја додаваме во плех покриен со хартија за печење. Ја печеме 25 минути на 180°.
За декорацијата со чоколадото( не посна варијанта),  се топи на пареа и се полива врз изладената торта, а додека за со шеќер во прав, уште додека е топла се попрскува. Варијантата со шеќер во прав е добра за тие што постат.
ДОБАР АПЕТИТ