Испечати

Сникерс куглоф

Сникерс куглоф

Состојки

  • За тесто
  • 6 Белки
  • 8 лажици Шеќер
  • 1 Ванила
  • 200 гр. Остро Брашно
  • 200 гр. Пченкарно Брашно
  • 1 Пециво
  • 100 гр. Бело чоколадо
  • 125 гр. Путер
  • 300 мл. Млеко
  • 200 гр. Мелени (печени и несолени) кикиритки
  • 2 лажици Павлака
  • За карамел крем
  • 8 лажици Шеќер
  • 160+60 мл. Млеко
  • 6 Жолчки
  • 3 лажици Густин
  • 1 коцка Црна чоколада
  • За глазура
  • 150 гр. Чоколада за готвење
  • 6 лажици Зејтин
  • 2 лажици Сечкани кикиритки (печени и несолени)

Подготовка

Најпрво се подготвува карамел кремот. На умерен оган во сад се става шеќерот да се топи со повремено мешање, внимавајки да не загори. Откако ќе се стопи шеќерот се трга од оган и се додава 160 мл. млеко, постепено и потоа пак е враќа на оган. Се вари до вриење со повремено мешање додека убаво не се растопи карамелизираниот шеќер.

Во друг сад настрана се матат жолчките со вилушка, се додава густинот и 60 мл. ладно млеко. Се меша убаво и се додава во зовриеното млеко со постојано мешање додека да се згусти, исто како се прави пудинг. Се трга настрана, се додава една коцка чоколада (за поубава боја на карамел кремот) и се остава да се излади, со повремено мешање, притоа се внимава да не се створи корица.

Потоа се подготвува сместа за кугловиот.
Се матат со миксер белките и шеќерот во цврст снег, се додава ванилата, двата вида брашно и пецивото и кратко се меша со миксер толку колку да се сите состојки соединат, потоа се додаваат растопеното бело чоколадо, растопениот путер, млекото, павлаката и мелените кикиритки и пак кратко се меша со миксер, сите состојки да се сосединат.
Половина од смесата се става во подмачкан и набрашнет куголф калап да пече во рерна 20 минути на 180 степени. За тоа време карамел кремот се става во најлонска кеса за замрзнувач и се сече кесата на крајот, така што кремот полесно ќе се нанесува. Се вади кугловиот од рерна и се нанесува карамел кремот по средината, така да не го допира ѕидот од кугловиот. Врз карамел кремот се нанесува остатокот од смесата за кугловиот, се израмнува и се пече уште 40 минути на 180 степени.
Откако се испече кугловиот колач се остава да се олади па после се вади од калапот. Откако убаво се олади се нанесува глазура.

Чоколадата се топи на пареа со зејтин, откако убаво ќе се растопи се нанесува на кугловиот колач и се посолува со кикиритки сечкани.
Откако убаво ќе се стегне и глазурата се сече кугловиот, кој е доста цврст за сечење и може да се сече на многу тенки парчиња.
Доста вкусен, прав сникер колач.

Во овој рецепт е употребен следниот Делимано производ: [url= http://www.delimano.com.mk/delimano_fantazija/fantasia_kuglof.html]Калап за куглоф[/url]