Булгур со шампињони и праз
Состојки
- 200 гр булгур (кршена пченица)
- 500 гр свежи шампињони
- 3 парчиња праз
- 1 лажичка био зачин
- по желба бибер
- по потреба масло
Подготовка
Булгурот се вари во размер 1 спрема 2,5. За 1 филџан булгур како во случајов потребни се 2,5 филџани вода. Водата треба прво да зоврие заедно со зачинот. Потоа во зовриената вода се става булгурот да се вари околу 7 минути. Се трга на страна се покрива и се остава уште 5 минути да ја впие целата вода.
За тоа време на загреано масло го пржиме исецканиот на кругови праз и исецканите свежи шампињони. Посолуваме и зачинуваме со бибер по желба. Пржиме околу 10 минути. Сварениот булгур се сервира со шампињоните и празот. По желба може со празот да се додаде и свнско месо. Во случајов ова е посната варијанта. Пријатен аперит.