Посни кифли со зачини
Состојки
- 500 гр бело брашно
- 200 гр пченкарно брашно за качамак
- 150 мл кисела вода
- 100 мл масло
- 100 гр маргарин коцка
- 1 квасец
- 2 лажици супени оригано
- 2 супени лажици семки од тиква
- 2 супени лажици семки од сончоглед
- 2 супени лажици ленено семе
- 1 мало лажиче лук во прав
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
Подготовка
Се става квасецот да стаса со млака вода, шеќер и малку брашно. Во блендер ставете ги семките и лененото семе и изблендирајте ги малку да останат како кршени.
Ставете ги двете врсти на брашно и додадете ги останатите состојки. Замесете меко тесто и оставете да стаса.
Кога е стасано премесете го тестото и кинете мали парчиња, направете топче и расукајте го во правоаголна форма. Завиткајте го како цигара. Наредете ги во подмачкан плех со масло или маргарин.
Секоја кифла премачкајте ја со масло, ставете сусам и парче маргарин. Може да се стави и буковец по желба.
Релната се загрева на 210 С и се печат додека не поцрвенат. Додека чекате да се загрее релната ќе стасаат уште малку.
Овие кифли се одлични за посни слави, а нормално и за оние што сакаат да се замезат со некоја посна салата како малиџано.