Испечати

Мандарина колач

Мандарина колач

Состојки

  • За основата
  • 5-6 (околу 400 гр.) мандарини
  • 125 гр. маргарин
  • 250 гр. шеќер
  • 200 гр. брашно
  • 3 јајца
  • 1 пециво
  • 70 гр. кокос
  • За сируп
  • 150 мл. чист сок од мандарини
  • 150 гр. шеќер
  • за посипување
  • според вкусот шеќер во прав

Подготовка

Прав зимски освежителен колач.
 
1. За смесата
- Најпрво измијте ги мандарините, ставете во сад со ладна вода и нека се варат околу 2 мин., тргнете од огнот, исфрлете ја таа вода, повторно измијте и налијте ладна вода, повторно ги ставете да се варат. Откако се провариле, тргнете, исцедете ги и со пасатор испасирајте ги. Добиената пулпа тргнете настрана да се олади.
- Маргаринот растопете го и тргнете го исто така да се лади.
- Во брашното додадете пецивото и кокосот - измешајте ги.
- Матете ги јајцата и шеќерот, откако сте ги сматиле додајте ја пулпата од мандарини, стопениот маргарин и измешаното брашно со пецивото и кокосот.
- Добиената смеса ставете ја во калапи за муфини, кугловчиња мали притоа водејки сметка дека треба да оставите 1 см. одпразни - ќе нараснат, па да не ви претечат.
- Се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 15 мин.
- Извадете и нека оладат. Секој муфин или кугловче извадете ги од модлите, но пак потоа вратете ги назад.

Сируп за залевање
- истискајте ги мандарините на број толку колку да добиете сок во количина од 150 мл. ставете го шеќерот и нека проврие.
- Врелиот сируп со лажица залевајте врз оладените мафини или кугловчињата мали.
- Откако го впиле сирупот - извадете ги, при служење посипете со прав шеќер.

Совет
- Овој колач не мора да го печете во модли за муфини или кугловчиња мали, можете целата смеса да ја печете во модла или тавче, но тогаш времето за печење е подолго. Најлесно ќе проверите дали е печено кога со раката ќе ја допрете кората, ако е веке цврста- готово е, ако е мека - продолжете со печење, или нај едноставно - со чепкалка проверете дали е печено (ова е најсигурно).
- За мене важи секој пат едно правило - кога и да правам било каков парен колач, тогаш или користам само остро или направам мешавина од брашното и тоа пола- пола, денес ставив 100 гр. остро, 100 грама меко брашно.
- Секогаш ги печам во формите за муфините или кугловчињата, покрај тоа што веке секое колаче е подинечно, не е за занемарување дека е потребно пократко време за печење.
- Доколку не одстапите од ниту една состојка и грамажата која е напишана, верувајте дека нема да зажалите.
Откако ќе го вкусите ова освежување, имајте на ум дека можете во сред лето да го спремите доколку си направите пулпа и истата ја замрзнете.
Уживајте, вистинска зимска магија е колачот,