Чоколадна торта со презла
Состојки
- Чоколадо
- 200 мл вода
- 100 грама какао
- 200 мл вода
- Фил
- 250 грама шеќер во прав
- 1 маргарин кристал
- Тесто
- 200 грама шеќер
- 4 лажици презла
- 4 лажици брашно
- 1 пакетче пециво
- 8 Jајца
Подготовка
1. Подготовка на чоколадото
200 грама шеќер се меша со 100 грама какао и се става на оган. Постепено се додава и 200 мл вода, се меша се додека не се згусти и се вади од оган и се остава да се излади
2. Маргаринот се мати со миксер заедно со шеќерот во прав да се изработи убаво шеќерот и послетено се додаваат жолчките и се се мате заедно. Постепено се додава чоколадото изладено и цел фил убаво се меша.
3. Белките се матат со шеќерот во цврст снег. После тоа му се додава презлата и брашното и пецивото и се меша убаво. Се додава после тоа 4 лажици од филот и заедно се се меша и става на хартија претхоно плехот намачкан со маргарин и на него хартијата за печење.
4. Се пече на 200 степени околу 20 мин, па после на 160 степени околку 5-6 минути
5. Тестото изладено се дели на 3 дела и се филува со филот. Секоја кора се филува и на крај целиот ролат се мачка со филот. Декорација по ваш вкус јас го направив со чоколадо и со мрвици
Верувајте многу е лесна за правење, а и на прво место е доста доста вкусна