Испечати

Свекрвини очи

Свекрвини очи

Состојки

  • За полнење
  • 250 гр. суви смокви
  • 50 гр. јатки од ореви(може и желе бонбони,суво грозје)
  • За обвивка
  • 100 гр. шеќер
  • 50 мл. вода
  • 2 мали лажички какао
  • 125 гр мелени бисквити
  • 125 гр. мелени ореви
  • 125 гр. маргарин
  • За валкање
  • по желба кокос, ореви....

Подготовка

Во тенџере се става водата и шеќерот да зоврие.Се трга од оган и се додава какаото и маргаринот.Се додаваат бисквитите и мелените ореви. Смесата убаво се меси додека се добие смеса за бомбица.
Сместа се дели на толку топчиња колку што има смокви.

Сувите смокви се стават во млака вода да омекнат 10 мин.
Им се вадат рачките, во длабнатинката се става една јатка орев. Убаво се затвараат.
Смоквите обвиткајте ги во малку развлечена бомбица. Убаво обликувајте ја (како око )
Се валкаат во кокос,ореви...(по желба).
Се ставаат во замрзнувач .
Замрзнати се сечат на половини.

Од оваа смеса излегуваат 16 свекрвини очи, а на половинки 32.