Колач со мешано овошје ( јапонско јаболко)
Состојки
- за пандишпан
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици полни брашно
- 2 јапонски јаболки добро омекнати
- 5 киви
- 3 јаболки
Подготовка
За да го направам овој рецепт ме поттикнаа многу убавите јапонски јаболки и така гледајки ги, а имајки дома во моментот и киви и јаболки се решив да експериментирам.
Ги лупиме јаболките и кивите и ги сецкаме на тенки кругчиња. Јапонското јаболко го лупиме и добро го пасираме. Во подмачкано плекче бр.24 ги редиме прво јаболките, јапонското јаболко и одозгора ги редиме кивите. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Во меѓувреме со јајцата, шеќерот, брашното, пецивото и екстрактот правиме пандишпан. Ја истураме смесата за пандишпанот врз овошјето и печеме на истата температура додека да се испече кората, повремено проверувајки со чепкалка да не се лепи од тестото по неа.
Кога е испечен колачот го вадиме од рерна. Полека од страните со нож ја одвојуваме кората. Го превртуваме колачот на фолија или на што ви одговара. Одозгора посипуваме со шеќер во прав. Може да ставите повеќе бидејки јаболките го впиваат шеќерот.
Овој колач ни се допадна, многу е сочен, а мирисот е посебен. Мене ми мирисаше и на јаболка и на дуња ме потсетуваше по малку миризбата. Ако сте љубопитни како мене пробајте го овој колач.
Добар апетит.