Рижото од грашок и моркови
Состојки
- 250гр. ориз
- 2 моркова
- 1главица кромид
- 1чешне лук
- 100гр. пилешки гради
- 200гр. грашок
- 50гр. путер
- 1/2лажичка кари
- по потреба сол, вегета, црн бибер
- по потреба топла вода
Подготовка
Во тава на оган ставете масло да се загрее и додајте го сецканиот кромид, сецканиот лук, ренданиот морков и пилешките гради исецкани на многу ситни парчиња.
Пропржете додека состојките омекнат, а потоа додајте го оризот и грашокот. Зачинете со малку сол, вегета, црн бибер и кари и пропржете уште кратко. Налејте топла вода и поклопете ја тавата со капак.
Откакао оризот ќе се свари додајте го путерот и мешајте додека се растопи.